Утрински Весник
Свет

Соработката со Анкара ќе се подигне на ново ниво – Кина ја честита победата на Ердоган

Соработката со Анкара ќе се подигне на ново ниво – Кина ја честита победата на Ердоган
Ss2

Кина му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за победата на претседателските избори и е подготвена да ги подигне билатералните односи со Турција на ново ниво, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

dobivaj vesti na viber

„Кина му честита на претседателот Ердоган за неговиот реизбор за претседател и ја поддржува Турција да го следи развојниот пат кој одговара на нејзините национални услови“, рече таа на брифингот.

300x250 (7)

Мао истакна дека Пекинг високо ги цени односите меѓу Кина и Турција и е подготвен да работи со Анкара за подигање на билатералните врски на ново ниво.

Неколку странски лидери, исто така, му ја честитаа победата на Ердоган, пренесе РИА.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси испрати телеграма во која истакна дека оваа победа е показател за довербата на турскиот народ во нивниот претседател, пренесе иранската новинска агенција „Тасним“.

Турскиот Врховен изборен совет вчера соопшти дека актуелниот претседател победил во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите. Конечните резултати ќе бидат објавени најрано во четврток на 1 јуни.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња