Утрински Весник
Македонија

Спасовски за заканите за живот на градоначалникот на Арачиново: Не може граѓаните да бидат заложници на лични или политички интереси

Рокот за менување на личните документи е 2024 година, Спасовски се правда дека поскапеле за да може да се функционира

Полицијата поднела пријави против сите лица кои ја нарушиле безбедноста во Арачиново откако општинската администрација минатата недела извести дека Општината нема да работи оти градоначалникот Ридван Ибраими добил закани по живот.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес апелираше сите кои имаат недоразбирања, лични или политички, да си ги разрешат и институциите да функционираат.

„Двапати имаме пријави во однос на вакви настани. Преземени се сите неопходни мерки за кои што се поднесени сите соодветни пријави во однос на лицата кои што практично ја нарушуваат безбедноста. Апелирам овие недоразбирања кои ги имаат од било кои причини, дали се лични, политички, ќе треба да се разрешат затоа што не смее граѓаните на Арачиново да бидат заложници на состојбите кои ги има таму. Секако дека македонската полиција стои на располагање доколку има потреба да се осигура безбедност на кој било затоа што во државата не смее во ниту еден момент никој никого да го напаѓа, ниту да претставува опасност за него, но ако има лични недоразбирања или било какви мотивации за таквите недоразбирања да ги расчистуваат, а институциите да функционираат нормално во интерес на граѓаните“, рече министерот Спасовски на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.

Тој објасни дека ова не е прв конфликт во Општината кој, според информациите на полицијата, се случил поради нерасчистени лични интереси.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните