Верона беше на чекор до клучна победа над Емполи во борбата за опстанок, но прими гол во 96. минута за 1:1 и за најава за драматична завршница на лигата
Аргентинецот Адолфо Гаич во 61. минута стрелаше за водство на Хелас, но додека навивачите се подготвува да ја прослават победата, Петар Стојановиќ со одлична акција пред голот на домаќините и со помош на одбраната на Верона израмни на 1:1.
Со овој резултат, Верона остануваат на 18. место во лигата со 31 поен, исто колку што имаат Специја со подобра гол-разлика пред нив, додека Кремонезе и Сампдорија веќе се второлигаши.
Во последното коло, Верона гостува на Милан, додека Специја е гостин кај Рома во интересен финиш на борбата за опстанок во елитата.