Утрински Весник
Спорт

Балотели: Срцето ми е поделено на два дела

Балотели: Срцето ми е поделено на два дела

Марио Балотели во својата кариера настапуваше и за финалистите од овогодинешната Лига на шампиони, Манчестер Сити и Интер. Ја започна кариерата во Интер и таму играше од 2007 до 2010 година, потоа се пресели во Сити, чии дрес го носеше до 2013 година.

dobivaj vesti na viber

„Добив неколку покани да дојдам во Истанбул и најверојатно ќе одам. Ќе седнам на средина на трибината за да избегнам шпекулации. Срцето ми е поделено на два дела и не треба ништо повеќе да ви кажам. Би сакал и двата тима да го освојат тој трофеј, но сите знаеме дека тоа е невозможно“, рече Балотели.

„Нема сомнеж дека Интер има квалитетен тим, доволно е што стигна до финалето за да можете да го разберете тоа. Имаат многу играчи кои можат да направат разлика, а јас ќе почнам со мојот пријател Џеко. Но, не би игнорирал Лукаку како и Лаутаро, кој пред неколку дена постигна фантастичен гол против Фиорентина и е во одлична форма“, рече Балотели и заклучи:

„Халанд е неверојатен, но јас реков дека Интер има и фантастични напаѓачи. Ќе биде отворен натпревар. Халанд има неверојатни бројки, но јас претпочитам тип на напаѓач како Виктор Осимен. Финалето ќе биде вистински спектакл, кој и да победи нема да биде незаслужено“.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк