Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека си испечати уште една оставка како таа што му ја искинал Џафери

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат иницијативата за промени на Уставот. Ковачевски вели дека имал храброст и ако таа храброст не ја изгубил некаде по пат или ако не му ја чуваат заклучена во фиока, нека се одважи и нека се појави во Собранието со овој предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Патем кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот.

Џабе одолговлекуваат, џабе сеат магла, џабе купуваат време. Под овие услови и под ваков диктат уставни измени нема да има, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат.

Без одлука на Собранието неуставна и без мандат е и работат на телото на партиските експерти од владејачките партии кои ги трошат народните пари за хонорари. Овие наводни експерти го претворија нивното тело во желботека и џубокс за идеи, кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.

Со други зборови власта си прави есап без народот и затоа е реакцијата на јавноста и на граѓаните. Власта треба да види, ако веќе не видела, дека со својата самобендисаност и полтронство постојано удираат во ѕид и ја носат државата во ќорсокак. Тоа мора да се промени и ќе се промени, оваа криминална власт ќе биде казнета“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Во тек е голема полициска акција на СВР Скопје во содејство со ОЈО во отпадите кај Вардариште

ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

Албана Мустафа од ДУИ алармира: Агенцијата за филм претворена во партиска испостава, албанските режисери дискриминирани!