Утрински Весник
Македонија

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата во НАТО операција во Романија

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната 156. седница Владата донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во борбената група на НАТО операцијата „enhanced Vigilance Activity-еVA“, во Република Романија, за период од шест месеци, сметано од јуни до декември 2023 година, соопшти владината прес – служба.

dobivaj vesti na viber

За време на реализацијата, објаснуваат од Владата, ќе се зајакне партнерството и соработката помеѓу нашата држава и останатите сојузници во рамките на НАТО и ќе се прошири и збогати билатералната соработка на Република Северна Македонија со Република Романија.

Можете да прочитате

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои ги добија сите кандидати од ЕУ – прашањето е колку пари губиме?

Работна средба на министерот Муцунски со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Турските државјани фатени при обид нелегално да излезат од земјава