Утрински Весник
Македонија

Уапсен 23 годишник од Сингелиќ, превезувал 23 мигранти во „мерцедес вито“

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија
Dik 300x250 mk

Денеска околу 07 часот на регионален пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и шест од Сирија.

dobivaj vesti na viber

Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица

ВЛЕН: ДУИ без власт тоне во паника и самозалажување!

Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ, вели европратеничката Јовева