Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Серија А е нерегуларна

Мурињо: Серија А е нерегуларна
Ss2

Одлуката на Италијанскиот апелациски суд да му одземе десет бода на Јувентус предизвика бура на Апенините. Со оваа одлука Јувентус од второто падна на седмото место, а сега главното прашање во Италија е дали Серија А е регуларна. Ако се прашува Жозе Мурињо – шампионатот не е регуларен.

dobivaj vesti na viber

На Јувентус во текот на сезоната му беа одземени 15 бода, подоцна му беа вратени, па табелата постојано се менуваше, а екипите кои се бореа за место во Лигата на шампионите не знаеја каде се наоѓаат и која е нивната вистинска позиција. Оваа последна одлука за одземање десет поени е конечна.

Img 5587

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, прв проговори за регуларноста. Португалецот е револтиран, бидејќи во моментот кога му беа вратени 15 бода на Јувентус, ги фрли сите карти во Лига Европа, а ја запостави Серија А, сметајќи дека неговиот тим може да се пласира во Лигата на шампионите преку домашното првенство.

„Мислам дека првенството не е регуларно, но не сакам повеќе да зборувам за тоа. Претпочитам да кажам дека ми е жал за професионалците, кои работат како мене и кои страдаат, бидејќи можеби сопствениците грешат“, изјави Мурињо по синоќешното реми (2:2) со Салернитана.

Рома врза шест натпревари без победа во Серија А.

„Да ми го кажеа ова пред Монца, пред Болоња, нашиот пристап ќе беше поинаков. Знаејќи дека Јувентус освојува бодови, решивме да ги фрлиме сите наши карти во Лига Европа. Жал ми е за Макс Алегри и за играчите“, изјави Мурињо.

Рома на 31 мај во Будимпешта ќе го одигра финалето на Лига Европа против Севилја. Доколку го добие тој натпревар, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Ss1

Можете да прочитате

Почина селекторот кој во 1978 година ја предводеше Аргентина до првата титула светски првак

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ