Викторија Бекам тврди дека никој не ги видел нејзините природни веѓи – дури ни нејзиниот сопруг фудбалската легенда Дејвид Бекам со кого е во брак 24 години.
Модната дизајнерка (49), посегнува по молив за веѓи веднаш штом се разбуди, бидејќи нејзините се прилично оретчени откако премногу и предолго биле кубени, па дури и избричени во првите години од нејзината кариера како член на женскиот бенд „Спајс грлс“.
Таа призна за магазинот „Сандеј тајмс стајл“: со текот на годините веѓите ми беа толку многу искубени што ако ги видите, ќе се згрозите. Дејвид никогаш не ги видел моите веѓи.
„Тие се првото нешто што го правам: се будам и ги обликувам, бидејќи веѓите ви го менуваат целото лице. Се сеќавам дека еден професиоален шминкер ми ги избричи веѓите кога бев во ‘Спајс грлс’.“
„Кога имате 22 години и сте возбудени што одите на снимање, не помислувате да кажете: еј, како би било да не ми ги бричиш веѓите? Потоа стигнувате до 49 години и…тие изгледаат грозно.“
Модната дизајнерка се огласи на „Инстаграм’ во саботата за да сподели видео-туторијал за шминкање во кој на своите 30.8 милиони следачи им покажува како ги пополнува веѓите.
Викторија, која има четири деца со сопругот, често споделува видеа на социјалните мрежи за да го промовира својот козметички бренд, а во една прилика се присети дека морала да пресними еден клип на Дејвид во кој нивниот кревет бил ненаместен.
Бекамови се меѓу најпознатите двојки не само во Велика Британија, туку и во светот. И пред да се венчаат, беа популарни благодарение на она што го работеа – Дејвид во фудбалот, а Викторија во музиката.