Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Ковачевски е домазет во своја влада – не одлучува за ништо освен за своите бизниси

Мицкоски: Ковачевски е домазет во своја влада – не одлучува за ништо освен за своите бизниси

И таа каста на власт тука во Струмица си има бизнис империја, свое бизнис лоби, но и си има влада во Скопје, со која сега за сега официјално раководи Димитар Ковачевски. Овој човек драги пријатели, еден соработник ми вели дека е домазет во својата влада. Човекот не одлучува за ништо освен за своите бизниси веројатно одлучува само тогаш кога ќе треба како премиер да си продаде државно земјиште по едно евро, кога треба да потпише ново предавство, кога треба да направи некоја отстапка на штета на Македонија, а за се останато се става во улога на подизведувач на главната корпорација во владата, а тоа Али Ахмети и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Струмица посветена на здравство.

dobivaj vesti na viber

А ДУИ, додаде Мицкоски, е партијата која вистински владее со институциите и која е криминализирана структура која го јаде јадрото во Македонија.

„Погледнете ги институциите. Замислете има такви кои не разликуваат метерологија како наука за толкување на сите временски појави и процеси и метрологија како наука за мерењето и употребата на законските мерни единици. Слични термини, но со дијаметрално спротивно значење. А токму тој што не го разликува едното со другото го поставија за директор на бирото за метрологија, за прв човек на институцијата која јавно си кажува дека не знае што работи. И тоа говори колку е низок кадровскиот потенцијал. А што да очекуваме од Влада каде ДУИ е главен фактор“, посочи Мицкоски.

Според Мицкоски „тоа е многу важно сите овде во Струмица да расчистиме една работа, а тоа е дека ДУИ благодарение на помалиот коалиционен партнер во случајот СДСМ е политичката партија која нема интерес Македонија да се развива, која нема интерес Али Ахмети да ја види Македонија вистински европска држава со силно здравство, со високо образование, квалитетно и еден универзитет во првите 500 листа на Шангајската листа, со силна економија каде што ќе има инвестиции домашни и странски“.

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено