Утрински Весник
Македонија

(Видео) Имаме огромен потенцијал за вработување на младите, им кажа Ковачевски на американските студенти

(Видео) Имаме огромен потенцијал за вработување на младите, им кажа Ковачевски на американските студенти

Промоција на демократските вредности, различните култури и потенцијали на Северна Македонија, размена на искуства и можност за заеднички проекти беше темата на која денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски дискутираше со магистранти и докторанти на универзитетите Харвард и Масачусетс Институтот за технологија во САД.

dobivaj vesti na viber

Посетата на студентите е поддржана од земјите на Отворен Балкан, во рамките на таканаречената студиска посета „Балкан Трек“, а освен државава, тие ги посетуваат и Србија и Албанија во периодот од 18 до 26 мај.

На средбата, премиерот Ковачевски потенцираше дека нашата држава, како и регионот има огромни потенцијали за можности за вработување посебно за младите, во меѓувреме нудејќи можности за инклузивен, транспарентен развој и вработување врз основа на квалитет и знаење со што се стимулираат и директните инвестиции.

Република Северна Македонија, како што истакна премиерот, се докажа како кредибилен партнер на ЕУ и НАТО, придонесувајќи кон зајакнување на регионалната соработка и градењето на светскиот мир.

Како земја членка на НАТО, потенцираше премиерот, Северна Македонија е посветена на регионална соработка, а заштитата на сигурноста и стабилноста на Западен Балкан за нашата држава е приоритет.

Говорејќи за евроинтеграцискиот процес на земјава, премиерот Ковачевски оцени дека иницијативите, како Отворен Балкан, имаат огромен потенцијал во подобрување на економската состојба на Западен Балкан и дека очекува посилна регионална соработка како гарант за мирот и стабилноста во Западен Балкан.

При тоа, тој нагласи дека за Северна Македонија, духот на добрососедството и зајакнатата регионална соработка се еден од столбовите на надворешната политика, која почива на принципите на дијалог и компромиси.

Студентите, на средбата се интересираа за економскиот раст на Северна Македонија, како и борбата со дезинформациите и евроинтеграцискиот процес.

Во рамките на „Балкан Трек“, студентите кои доаѓаат од 17 земји, се среќаваат со највисоки државни претставници на институциите во земјите од Отворен Балкан, а имаат и средби со млади лидери, истовремено запознавајќи се со туристичката, културна и гастрономска промоција на земјите.

Патувањето на студентите е поддржано од иницијативата Отворен Балкан. Исто така, во рамки на посетата, посебен акцент се става на младите од Северна Македонија и во тој контекст се организира вмрежување меѓу 50-те најперспективни млади од Северна Македонија и студентите од Харвард и Масачусетс Институтот за технологија.

На средбата присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и советничката за дигитализација, Маја Ангеловска.

Можете да прочитате

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова” во Скопје

Државата му исплати 50.000 евра на Ален Зекиров за 27 април

Земјотрес ја стресе Македонија – 24info.mk