Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Mора да ја освоиме Лигата на шампионите, само така ќе влеземе во историјата

Гвардиола: Mора да ја освоиме Лигата на шампионите, само така ќе влеземе во историјата
Ss2

Пеп Гвардиола по освојувањето на Премиер лигата изјави дека неговиот тим мора да ја освои и Лигата на шампионите, за да може да влезе во конкуренција за еден од најдобрите во историјата.

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Манчестер Сити во неделата го победија тимот на Челзи со 1:0 во натпреварот од 37. коло на Премиер лигата.

300x250 (7)

Манчестер Сити на тој начин обезбеди нова титула во Премиер лигата, бидејќи Арсенал, ден претходно, беше поразен на гостувањето кај Нотингем Форест (0:1).

„Имам чувство дека направивме нешто извонредно. Тоа е нешто извонредно. Луѓето знаат колку е извонредно. Но, за да се сметаме за еден од најдобрите тимови во историјата, треба да ја освоиме Лигата на шампионите, инаку сезоната не би била целосна. Можеби е неправедно што морате да ја освоите Лигата на шампионите за да биде вредуван вашиот успех, но ние мора да го прифатиме тоа“, рече Гвардиола.

Сити на 10 јуни ќе игра против Интер во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул.

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам