Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 деца загинаа во пожар во студентски дом во Гвајана

Најмалку 20 деца загинаа во пожар во студентски дом во Гвајана

Најмалку 20 лица загинале во пожар во студентски дом во училиштето во Махдија, град во централниот дел на јужноамериканската држава Гвајана, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал нешто по полноќ во студентски дом за средношколци, а поради лошите временски услови се уште траат напорите за негово гаснење, соопшти Владата.

Уште неколку луѓе се повредени, а некои се подготвуваат за евакуација во главниот град Џорџтаун, каде што е формиран специјален центар.

„Ова е голема катастрофа. Страшно е, болно“ – изјави претседателот на Гвајана, Ирфан Али.

Можете да прочитате

Бројот на жртви во поплавите во Непал се искачи на 475

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“