Утрински Весник
Македонија

Пензија за четворица судии, одлучи Судскиот совет

(Видео) „Не заслужувам ваков пристап како човек“, претседателот на Судскиот совет се пожали оти е цел на критики за нетранспарентност

На четворица судии им е утврден престанок на судиската функција поради услови за старосна пензија, одлучи на денешната 442 седница Судскиот совет на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за судиите Аце Бакиевски од Апелацискиот суд Битола, Елези Исмаил од Основен суд Кичево, Зоран Стевановски од Основен суд Прилеп и Александра Зафировска од Основен суд Тетово.

Беше донесена одлука и за определување на в.д претседател на Основен суд Прилеп, при што беше избрана судијката Јасмина Шишковска Стојковиќ.

Усвоен беше и извештајот на Комисија за проверка на навременост на пријави и комплетност на документите на кандидати од спроведена постапка по оглас за избор на претседатели на Основен суд Берово, Основен суд Крушево и Основен суд Прилеп и беше донесена одлука да се објави оглас за избор на претседатели на основните судови Крушево и Берово, за кој избор беше формирана и комисија.

Беше донесена и одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кочани и Основен суд Кратово, со што поради наполнети 60 годишна возраст, судскиот совет ги разреши поротниците Томе Зашев од Основен суд Кочани и Кристина Петрушева од Основен суд Кратово.

Судии поротници беа избрани во Основен суд Кочани и тоa, Сашко Стоименов, Иван Минов, Владимир Георгиев, Васка Ефтимова и Марија Ангелова.

Во однос ја утврдувањето на ориентацискиот број на предмети што треба да ги реши судијата месечно за 2023 година, Судскиот совет одлучи да го повлече дадениот предлог на Комисијата на доработка.

Покрај ова, на денешната седница беа усвоени записници од 435 седница на Судскиот совет на РСМ од 22.03.2023 година и 437 седница на Судскиот совет на РСМ од 18.04.2023 година, додека записникот од 439-та седница на Судскиот совет на РСМ од 27.04.2023 година и 04.05.2023 година беше повлечен

За точката поврзана со формирање на Комисија на известители по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд јавноста беше исклучена.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!