Утрински Весник
Спорт

(Видео) Зошто Љуљ, а не Родригез го реши последниот напад?

(Видео) Зошто Љуљ, а не Родригез го реши последниот напад?

Реал Мадрид, во неверојатно финале, со поените на Серхио Љуљ, на три секунди до крајот, вчера во Каунас 11. пат стана европски првак. Во финалето Реал го победи Олимпијакос со 79:78.

dobivaj vesti na viber

Апсолутен херој на Љуљ, меѓутоа таков статус заслужија и Серхио Родригез, кој повторно го влечеше тимот во последната четвртина и Фабиен Козер. Французинот постигна 11 поени, уфрли три тројки во важни моменти, кога не му дозволи на Олимпијакос дополнително да се одлепи.

Козер, откри зошто Серхио Љуљ, а не Родригез го реалзиирал последниот напад.

„На тајмаутот многу добро знаевме дека ќе играме пик-ен-рол, не знаевме само едноставно кому ќе му ја дадеме топката. (Тренерот Чус) Матео нема да го признае ова, но му реков да не го напаѓа Вокап бидејќи мислам дека тој е најдобриот дефанзивец еден на еден во Евролигата. Не го сакавме тоа во последниот посед. Затоа Серхио (Љуљ) ја чуваше топката, а среќата ни се насмевна, бидејќи можеше и да промаши“, изјави 36. годишниот Французин.

Олимпијакос го имаше последниот напад, но шутот на Слукас заврши на обрачот.

„Разговаравме кого да ставиме на теренот. Матео сакаше да го стави Вилијамс-Гос на Слукас, но Најџел беше ладен, па јас му реков: „Стави ме на Слукас“. На крајот можеше да погоди затоа што изгубив рамнотежа по неговата финта. Тој промаши, имав среќа. Родригез погоди неверојатна тројка која не одржа во живот, навистина неверојатен крај на сезоната“.

Во Каунас Косер го одигра петтиот фајналфор и ја освои третата европска круна во кариерата.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност