Утрински Весник
Спорт

Легендарниот Душебаев им се налути на противниците од Висла: Ако кажам сè ќе ме избркаат од државата

Легендарниот Душебаев им се налути на противниците од Висла: Ако кажам сè ќе ме избркаат од државата
Ss2

Кјелце успеа 12. пат по ред, а 20-ти во историјата да стане шампион на Полска во ракомет, откако во последното коло го совлада најголемиот ривал Висла од Плок со 27:24 (15:11).

dobivaj vesti na viber

Двата тима завршија со 75 поени, но Кјелце има подобра голразлика и подобар меѓусебен скор.

Играчите на Висла не им го честитаа трофејот на ривалите, а по натпреварот Талант Душебаев беше многу лут поради тоа.

„Тука сум десет години и навикнат сум да победувам, но кога лани го загубивме Купот на Полска, стоевме и им аплаудиравме на противниците од Висла. Тие денес едноставно си заминаа. Сабате (тренерот на Висла) Вишњевски, претседателот, сите… Имам молба, бидете спортисти до крај. Знам дека боли, но спортистите не се однесуваат така“, рече еден од најдобрите тренери на денешницата и истакна: „Доколку ја кажам целата вистина мислам дека утре би ме депортирале во Шпанија. Извинете за овие зборови, но така се чувствувам“, изјави легендарниот Душебаев.

Ова беше 181. победа во низа за Кјелце на домашен терен во првенството и доколку би останале непоразени и следната година, би можеле да стигнат до 200 победи во низа на домашен терен.

Досега за тоа време 25 пати ја победија Висла, а последен пат на домашен терен беа поразени во мај 2011 година, токму од Висла.

На крајот од натпреварот поради неспортскиот однос, играчите на Кјелце ги провоцираа ривалите со зборовите: „Побрзајте за да го избегнете сообраќајниот метеж“.

Ss1

Можете да прочитате

Доминација на руските тенисери: Медведев и Рубљов станаа првите четвртфиналисти на турнирот во Мадрид

Почнува полуфиналната пресметка во ЛШ со судир на титаните Баерн Минхен – Реал Мадрид

Лејкерс елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот