Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Image 2026 08 22 182434887.png

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје.

Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на преостанатите оштетени делови ќе продолжи следната недела.

Скопскиот градоначалник информираше дека со засилена динамика се работи и на обновувањето на подната фонтана.

-Наскоро, целиот овој простор повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје. Се грижиме за секој простор и за секој детал, затоа што центарот на главниот град мора да биде неговото најубаво лице. Нашето Скопје заслужува, вели градоначалникот Ѓорѓиевски. 


Можете да прочитате

„Нешто што ќе остане” се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „NO FINISH LINE SKOPJE“

Дел од Кисела Вода денеска без струја