Утрински Весник
Свет

Еко-активисти ја поцрнија водата во познатата фонтана во Рим

Еко-активисти ја поцрнија водата во познатата фонтана во Рим
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Седум млади активисти кои протестираа против климатските промени се искачија на римската фонтана Треви во неделата и истурија разреден јаглен во неа за да ја поцрнат. Демонстрантите се членови на групата Ultima Generazione (Последна генерација).

dobivaj vesti na viber

Тие истакнаа транспаренти на кои пишуваше „нема да плаќаме за фосилни горива“ и извикуваа: „Нашата земја умира! По нив набрзо пристигнала и полицијата која ги привела. Бројни туристи го снимиле инцидентот, а неколку набљудувачи, како што покажува видеото, ги навредувале демонстрантите.

Во соопштението за печатот, групата Ultima Generazione повика на укинување на јавните субвенции за фосилни горива и ги поврзува со смртоносните поплави во северниот италијански регион Емилија-Ромања. Групата тврди дека, според нејзините податоци, секоја четврта куќа во Италија е во опасност од поплава.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери го осуди протестот, последен во низата слични активности, како што се оние насочени кон уметнички дела. „Доста е од овие апсурдни напади врз нашето уметничко наследство“, напиша тој на Твитер.

Можете да прочитате

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија