Утрински Весник
Свет

Во авионот што падна во Хрватска имало тројца Холанѓани

Пронајдени остатоците од авионот што се урна во Хрватска

Спасувачите на терен ги пронајдоа остатоците од малиот авион Цирус 20, синоќа, околу 19:15 часот, во шумската област Мали Маковник на планината Капела во округот Лика-Сењ.

dobivaj vesti na viber

Засега, како што пренесува порталот Индекс.хр нема официјална потврда колку луѓе имало во авионот и дали сите загинале. Но Хина неофицијално од пожарникарите од потрагата дознава дека во авионот наводно имало тројца Холанѓани и дека регистрациите на авионот се исто така холандски.

Сè започна вчера во 12 часот и 30 минути кога хрватската контрола на летање забележала дека авионот што летал од Марибор за Пула исчезнал од радарот, а за неговото исчезнување веднаш бил известен Оперативниот центар за цивилна заштита на Дирекцијата за цивилна заштита.

Потоа беше организирана потрага на терен во која учествуваа 120 лица, а со хеликоптер на Министерството за одбрана беше пребаран и просторот на Капела. Се стравуваше дека на местото каде што паднал авионот има минско поле што ја отежна работата на спасувачите.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот