Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради вежба на МВР

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради вежба на МВР

Поради спроведување на оперативно-тактичка вежба од страна на Министерството за внатрешни работи, а во координација со Амбасадата на САД, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Притоа, како што соопштија од МВР, за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со улиците „Прохор Пчински“ и „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје.

По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и булеварот „Никола Карев“, на потегот од улицата „Македонско – косовска бригада“ до улицата „8 Септември“, како и улицата „Македонско – косовска бригада“, на потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди “ до крстосница со булеварот „Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Судски совет му врати на Пендаровски по критиките: Тоа се нивни видувања

Јаневски до Арсовска: Добивте покачување над 70 илјади денари, земате плата над 2.500 евра, не работите ништо и донесовте банкрот

Намалена затворската казна на Марјан од “Доказ М”, дел за уцените ќе се суди одново