Утрински Весник
Свет

Денес среба на Зеленски со Бајден на маргините на самитот Г7

Симор Херш: Зеленски и тимот украле најмалку 400 милиони долари американска помош
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне денеска со украинскиот колега Володимир Зеленски на маргините на самитот Г7 во јапонскиот град Хирошима, објави Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

Состанокот е закажан за 14.15 часот по локално време, по работните состаноци и трилатералниот состанок на лидерите на САД, Јапонија и на Јужна Кореја.

Бајден ќе одржи прес конференција по состанокот со украинскиот претседател, а потоа ќе се врати во САД, се наведува во неговиот распоред што го објави Белата куќа.

Повеќе детали за состанокот помеѓу Бајден и Зеленски не беа објавени.

Можете да прочитате

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија