Утрински Весник
Македонија

Времето денес облачно – попладне невреме со пороен дожд

Времето денес облачно – попладне невреме со пороен дожд

Времето денес ќе биде променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

dobivaj vesti na viber

И во Скопје времето променливо облачно, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Следува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Можете да прочитате

За Мицкоски прашањата за тендерот за униформи биле „естрада“

Мечки почнаа да се приближуваат кон населени места околу националниот парк „Шар Планина“

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Мицкоски