Утрински Весник
Свет

Со печиво го намамиле да се соблече гол: ученици од училиште во Загреб вознемирувале дете со посебни потреби

Со печиво го намамиле да се соблече гол: ученици од училиште во Загреб вознемирувале дете со посебни потреби
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ученици од основно училиште во Загреб на социјалните мрежи објавија фотографија од голо момче со посебни потреби, чиј татко тврди дека училиштето сакало да го прикрие целиот случај, нешто што директорот го демантира.

dobivaj vesti na viber

„На ‘Фејсбук’ објавија фотографија од моето дете голо. На син ми, кој е осмо одделение, му рекоа дека ако се соблече, ќе му купат печиво и со оглед на тоа дека е болно дете, тоа го направи и ја објавија неговата фотографија“, изјави таткото на болното момче за загрепски „Јутарњи лист“.

Директорот на училиштето ги негира тврдењата на таткото за прикривање и вели дека по нивната реакција, од социјалните мрежи била отстранета фотографијата на ученикот кој посетува посебен час и има здравствени проблеми.

Од училиштето тврдат дека постапиле во согласност со сите протоколи и дека ги известиле сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална заштита.

„Учениците и нивните родители се повикани на разговор за да им се покаже штетноста од ваквото однесување и преземени се педагошки мерки“, изјави директорката на училиштето во кое се случи инцидентот.

Таа додаде дека се работи за ученици што не се од исто одделение и дека насилниците, како што ги нарече, покажале каење за своите постапки.

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет