Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пак блокиран Фондот за здравство, матичните не можат да пријават нови пациенти, се работело на модернизација на серверите

Пак блокиран Фондот за здравство, матичните не можат да пријават нови пациенти, се работело на модернизација на серверите
Img 7972

Делови од веб-страницата на Фондот за здравство повторно не функционираат. Матичните лекари се жалат дека неколку дена не можат да пријавуваат и одјавуваат пациенти.

dobivaj vesti na viber

„Опцијата да пријавиме нови пациенти не е достапна веќе 3-4 дена. И претходно имаше периоди кога е недостапна, паѓа системот па повторно се враќа во функција, но неколку дена веќе воопшто не е достапна. И тоа во услови кога малтене секојдневно се затвораат ординации со по неколку илјади пациенти поради пензионирање на колеги. Како да ги пријавиме тие пациенти? Каде да побараат лекарска помош? Има пациенти со сида кои веднаш мора да се пратат на Инфективна, им требаат боледувања, бараат лекови…“, вели Лилија Чолакова – Дервишова, матична лекарка и претседателка на Здружението на приватните лекари на Република Македонија.

Од Фондот за здравствено осигурување потврдија дека има проблеми со делови од платформата, но не поради напад, како пред ЏЏЏЏ туку поради модернизација серверите.

„Во периодов се прави миграција и модернизација на серверската инфраструктура така што се јавуваат одредени тешкотии во работата. На сите заинтересирани страни (матични лекари, аптеки, јавни здравствени установи и осигуреници) им излегуваме во пресрет за да го олесниме пристапот до услугите кои ги користат од Фондот“, велат од Фондот за „Макфакс“.

На почетокот на февруари годинава Фондот за здравство како технички проблем го пријави она што подоцна призна дека е хибриден напад поради кој недостапни беа податоците на сите здравствени осигуреници. Проблемите беа надминати по две недели и од Фондот изјавија дека експертите утврдиле дека нема украдени податоци.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник