Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е банкрот заради Арсовска, со ДУИ и СДС кои и ги гласаа финансиските програми

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска ќе остави без егзистенција 100 вработени од „Водовод“

Скопје е банкрот заради Арсовска, со ДУИ и СДС кои и ги гласаа финансиските програми, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Јанчева како советник ги гласаше финансиските програми на Арсовска, без неа и нејзините колеги од СДС кои се под нејзина команда Арсовска немаше да може да ги оствари своите намери за криминални тендери.

Кога Јанчева ќе зборува за банкрот, нека се потсети дека нивниот директор на ЈСП потпиша 20 милионски тендер за набавка на гориво без рабат.

Очигледно е дека соработката меѓу Арсовска, СДС и ДУИ е блиска и силна, па така се што имаат можат меѓусебно да се информираат, наместо да ја замајуваат јавноста со своите криминали. А за се ова одговорност ќе има, како од Арсовска така и од СДС“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег