Утрински Весник
Свет

Инцидент во училиште во Загреб: имало истекување на сулфурна киселина, повредени три ученички

Инцидент во училиште во Загреб: имало истекување на сулфурна киселина, повредени три ученички

Мало количество на сулфурна киселина вчера било истурено во средно училиште во Загреб.

dobivaj vesti na viber

Како што неофицијално пренесуваат хрватските медиуми, ученичките биле во заштитна облека, носеле ракавици, но на една ученичка и паднало шише со сулфурна киселина од раце.

Состојбата не била драматична, според тамошните медиуми.

Во написите стои дека станува збор за медицинско училиште, а три ученички наводно биле згрижени од итната помош.

Од Градот потврдиле дека во средно медицинско училиште се случил помал инцидент.

„Имаше брза помош и други надзорни служби. Според нашите информации, девојката на која и падна шишето има мала изгореница, добила медицинска крема. Ништо драматично не се случи“, изјавиле од Градот.

Некои училишта користат сулфурна киселина за спроведување на експерименти. Како што објаснува професорот по хемија, го купуваат во концентрирана форма или разредена, во зависност од можностите и видот на експериментот.

„Се разбира, сите хемикалии се опасни, нема што не се, но ова не е нешто за паника. Вакво нешто не се случило 15, 20 години, изјавила професорка.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури