Утрински Весник
Економија

Ангелоски: Да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во владините проекти

Ангелоски: Да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во владините проекти

Слободниот пазар треба секогаш да биде слободен, да има можност за повеќе понуди и зголемена конкуренција. Тоа е основно економско правило и секогаш апелираме да одиме во тој правец, да се избегнуваат процедури кои ќе фаворизираат одредени процеси или субјекти и да им се даде шанса на македонските компании да дојдат до еднаков и фер третман во нашата земја во однос на сите економски проекти. Ова се дел од заклучоците и пораките кои ги упати претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски на работната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се разговараше за тековните економски состојби во нашата земја, вклучително и изградбата на капитални и инфраструктурни проекти, а со главен со осврт на коридорите 8 и 10Д како неминовна тема која се наметна на состанокот.

dobivaj vesti na viber

„Ние како Сојуз на стопански комори отсекогаш сме се труделе да бидеме максимално транспарентни и да ги сослушаме сите политички и економски субјекти во нашата земја, за тоа какви размислувања имаат по однос на актуелните економски случувања и перспективи. Секогаш максимално транспарентно и ефикасно бараме спроведување на законските прописи и процедури во земјава. Исто така апелираме дека слободниот пазар е она богатство кое го имаме со поставувањето на темелите на нашата република, слободниот пазар треба секогаш да биде слободен и да понуди зголемена конкуренција и добробит за сите учесници во економските процеси и за сите жители на нашата држава“, порача Ангеловски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го брифираше Сојузот на стопански комори за тековни економски случување и за нивните ставови во однос на актуелните економски случувања во земјата, како и изградбата на делови од коридорите 8 и 10Д.

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците