Утрински Весник
Македонија

Трајанов: Со една изборна единица ќе јакнат демократијата и одговорноста

Трајанов: Со една изборна единица ќе јакнат демократијата и одговорноста

На денешната прес-конференција на пратеници предлагачи на измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото, нагласи:

dobivaj vesti na viber

„Со една изборна единица ќе почне силен процес на демократизација и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции, ќе се демонтира монополската положба на владеење на една партија, секој глас ќе има иста тежина, а составот на парламентот ќе биде одраз на определбата на граѓаните што ќе имаат можност за избор.

Со воведување една изборна единица, како и со отстранување на системските предности на четирите партии поврзани со финансирање на изборната кампања, медиумскиот простор за политичко претставување и државното финансирање на партиски институти, како што појасни, ќе се создадат еднакви услови за политички натпревар и при носењето круцијални и други стратешки одлуки ќе учествуваат повеќе партии и поединци.

„Досега донесувањето на измените на законот го блокираат СДСМ и ДУИ“, нагласи Трајанов.

Дообјасни дека предлог-измените на Изборниот законик во парламентарна постапка се повеќе од две години.

„Така, предлог-законот е доставен до Собранието на 5 март 2021 година, на дневен ред е ставен на 41. седница на Собранието, закажана за 18 мај 2021 година. По една година, одржана е расправа на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците (на 22.3.2022) и на Законодавно-правната комисија (на 23.3.2022), при што е одлучено дека предлог-измените СЕ ПРИФАТЛИВИ И ДА СЕ ДАДАТ НА НАТАМОШНО ЧИТАЊЕ (да се одржи пленарна седница). Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците предложи Собранието да организира и јавна дискусија помеѓу првото и второто читање на предлог-законот. Повеќе од јасно е дека спротивно на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија измените се блокирани и за тоа мора да има политичка одговорност“, потенцира лидерот на ДС.

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот