Утрински Весник
Македонија

Во тек се активности за евакуација на осумчленото семејство од Судан, објави МНР

Во тек се активности за евакуација на осумчленото семејство од Судан, објави МНР

По добиената информација за осумчлено семејство, државјани на Република Северна Македонија, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапи во контакт и доби потврда дека сите нејзини членови се во добра здравствена состојба, информираат од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Министерството, додаваат од таму, преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Информираат дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава.

„Во однос на четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија, информираме дека истите се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Во оваа прилика го повторуваме нашиот апел доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Каиро на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и емејл [email protected]“, се потенцира во инфомацијата од ресорното министерство.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм