Утрински Весник
Македонија

Борозан: Да се направи целосна анализа на водата во државата и јавно да се објават резултатите

Maja borozan.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата.

„Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа дека Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки”, рече Борозан.

Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава.

„Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е затруена. Цела држава е отруена. Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат”, рече Борозан.

Можете да прочитате

СДСМ: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

Шасивари од Манила: Заложби за посилна законска заштита на децата од насилство

Крива Паланка во сабота на протест: Најавена блокада на магистралниот пат поради кравите низ градот