Утрински Весник
Свет

Не ни сонувајте дека ќе ги протерате Србите, во тој случај ќе знаеме што да направиме, му порача Вучиќ на Курти

Не ни сонувајте дека ќе ги протерате Србите, во тој случај ќе знаеме што да направиме, му порача Вучиќ на Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе знае што да направи доколку косовскиот премиер Албин Курти се осмели да се обиде да ги протера Србите од Косово и Метохија.

dobivaj vesti na viber

„Окупацискиот лидер Албин Курти донесе одлука да го отвори мостот кој долго време беше брана за безбедноста на Србите за Албанците да не ја заземат Митровица. Нашиот народ со години се противеше и прашуваше зошто овој човек го прави ова. Единствено што сака е да ги избрка нашите луѓе и сака конфликти“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека ќе даде сè од себе да го зачува мирот. „Ќе дадеме сè од себе ниту една жена да не помисли да го испрати своето дете во војна“, додаде Вучиќ и порача:

„Не ни сонувајте дека ќе успеете во вашите намери да ги протерате или уништите Србите, во тој случај ќе знаеме што да направиме. Сè додека јас сум претседател и врховен командант, Србија нема да биде ниту во НАТО ниту во кој било воен сојуз“, изјави српскиот претседател.

„И тоа е наш избор“, додаде тој по посетата на Сокобања.

„Не можам да поминам преку изборот на овој народ и да заборавам што му се случуваше“, додаде тој.

Можете да прочитате

На рудари во нелегален рудник за злато во Јужна Африка им била скратена храна и вода, извлечени се 60 тела

Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во врска со спорот од Втората светска војна

Градоначалничката на Лос Анџелес издаде наредба за обнова на домовите погодени од шумски пожари