Утрински Весник
Македонија

(Видео) Направена реконструкција на трасата по која бил возен исчезнатиот внук на Бошкоски

(Видео) Направена реконструкција на трасата по која бил возен исчезнатиот внук на Бошкоски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Реконструкцијата треба да даде повеќе детали за тоа каде е однесен Самоил Костадиновски, исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски од кого скоро два месеци нема ни трага ни глас. Според информации на „Макфакс“, осомничените за грабнувањето кои се во притвор, биле однесени на локацијата од каде го земале Костадиновски во скопско Пржино, па потоа на местото каде го оставиле, по што му се губи трагот.

dobivaj vesti na viber

Трасата на движење им се следи и преку надзорните камери од „Безбеден град“, но и снимките од околните објекти. Неофицијално, истрагата напредува, а обвинителот посочува: „Преземени се огромен број дејствија“.

„Меѓудругото, беше извршена и реконструкција на целиот настан согласно проверките направени до овој момент. Обвинителството крајно посветено работи на расчистување на настанот“, велат оттаму.

Извори за „Макфакс“ тврдат дека осомничените негираат вина, додека истовремено, посочуваат дека Костадиновски го оставиле во населба блиску до центарот на Скопје и оттогаш немале комуникација. Иако постојат сомнежи, тие не откриваат дали ова развозување на Костадиновски било дел од планот за да го предадат на друга група.

При претрес во затворот „Идризово“, каде притвор издржуваат осомничените, беа најдени телефони. Затворската полиција ги најде и одзема. Во нив имало комуникации, кои пак доведоа до акција на МВР за апсење на нарко група. Потврда за одземените уреди даде и Филип Андов, директор на затворот „Скопје“ во Шутка.

Уапсените кои се во притвор се од Скопје. Едниот е 25-годишен, додека другиот има 29-години. Двајцата се невработени. Пред судот, негирале поврзаност со грабнувањето на Костадиновски. Добија притвор поради опасност од бегство.

Семејството на исчезнатиот скоро два месеци чека било каква информација за Костадиновски. Тие побараа помош и од граѓаните, кои имаат сознанија, за истите да ги споделат со полицијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот

УХМР: Од среда расчистување на маглата