Утрински Весник
Економија

„Брако“ учествуваше на саемот за индустрија во Хановер

„Брако“ учествуваше на саемот за индустрија во Хановер

„Брако“ ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија кој се одржа во Хановер во Германија.

dobivaj vesti na viber

Директорот на секторот за тешки метални конструкции во „Брако“, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди БРАКО во делот на производството, современата технологија од последната технолошка генерација и високотехнолошките производи од портфолиото на „Брако“.

„Брако“ има долгогодишно искуство и соработка со реномирани компании од Европа светот и извезува производи во околу 50 држави на сите континенти, а саемот беше одлична можност за воспоставување на нови соработки и освојување на нови пазари за компанијата.

На саемот учествуваа околу 4.200 компании од областа на машинското инженерство, електричната и дигиталната индустрија и енергетиката, а најбројни беа компаниите од Европска Унија и Централна и Југоисточна Азија.

ПР

Можете да прочитате

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Кочоска: За време на 7-годишно владеење на СДС просечниот раст на БДП беше 1,6%, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа растот на БДП да го донесе на над 3%

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци, а вработува партиски кадри пред изборите