Утрински Весник
Македонија

Кoлапсот на државата се пресликува во судството, со Ковачевски може само полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Колапсот на државата се пресликува во судството, со Ковачевски и СДС може само полошо. Судството се сведува на партиски инсталации. Не може да помине унпаредување на обвинител или судија без партиите на власт да дозволат. СДС и ДУИ го држат цел систем заробен, затоа довербата на граѓаните во судството се сведува на статистичка грешка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Врвот на власта на чело со Ковачевски поставува судии, обвинители, унапредува и дава функции како што е примерот и со шефот на ЈО за организиран криминал Абази поставен од ДУИ.

Во ситуација кога власта диктира се во судството, немаме судска независност, туку судството е директно под капата на СДС и ДУИ. Сите одлуки се партиски диктирани и затоа немаме ниту еден осуден функционер од власта, ниту пак има отворање на истрага за случаите како Броило, братот на Груби, сопругата на Ковачевски, и пред се за шокантното потпишување на договорот за Коридорот 8.

Со СДС и ДУИ не може подобро, може само полошо. Потребни се промени на власта и ослободување на судството од партискиот притисок“ – велат од партијата.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание