Утрински Весник
Спорт

Шарас: Кошарката во НБА е неподнослива

Шарас: Кошарката во НБА е неподнослива

Тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус дел од кариерата мина во НБА, но не е љубител на кошарката која се игра „преку барата“.

dobivaj vesti na viber

Четириесет и седумгодишниот Литванец беше во најсилната лига на светот од 2005 до 2007 година, а настапуваше за Индијана и Голден Стејт при што забележа вкупно 138 натпревари со просечни 6,8 поени, 1,6 скока и 2,9 асистенции.

„За мене кошарката во НБА е неподнослива. Плејофот е друга работа, но невозможно е да се гледа регуларниот дел од сезоната“, изјави Јасикевичиус за Баскет њуз.

Вечерва од 20:00 часот во првиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Евролигата, Барселона го пречекува Жалгирис.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам