Утрински Весник
Спорт

Играчите на Наполи дочекани како херои по триумфот над Јувентус

Играчите на Наполи дочекани како херои по триумфот над Јувентус

Во дербито од 31. коло на Серија А, Наполи го победи Јувентус во Торино (1:0). Наполи славеше со голот на Џакомо Распадори во 93.минута. На италијанскиот репрезентативец за голот му асиситираше Елиф Елмас.

dobivaj vesti na viber

Доколку во следното коло на стадионот „Диего Марадона“, Наполи ја победи Салернитана, а следниот ден второпласираниот Лацио не го победи Интер, Наполи на шест кола пред крајот и официјално ќе стане шампион на Италија.

Под Везув веќе започна прославата на првата шампионска титула по ерата на Марадона, а еуфорично беше и во соблекувалната каде по завршувањето на натпреварот фудбалерите на Наполи ја прославија втората сезонска победа над Јувентус.

Кога слетаа во Неапол пред стадионот, беа пречекани од илјадници навивачи кои играчите ги пречекаа од отворен автобус, а главни ѕвезди на прославата беа најдобрите играчи Виктор Осимхен и Квича Кварацхелија.

Титулата се уште не е математички обезбедена, но прашање на денови е кога тоа ќе се случи, прославата што веќе започна тогаш сигурно ќе стане уште пожестока.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина