Утрински Весник
Спорт

Барселона се обидува да го врати Меси

Барселона се обидува да го врати Меси

Барселона работи на враќањето на лионел Меси на „Ноу Камп“. Аргентинецот пред две сезони замина од клубот, кој поради финасиските проблеми не можеше да му понуди нов договор.

dobivaj vesti na viber

Директорот на Барселона, Матеу Алемани, во разговор со навивачите потврди дека Чави е во контакт со Меси и фудбалерите на Барселона јавно го повикуваат да се врати во клубот.

Клубот сигурно би имал голема корист од неговото враќање, но тимот од Шпанија е свесен дека тие не се единствената опција.

Меси има понуда да го продолжи договорот со ПСЖ, но и понуда да се пресели во МЛС, во Интер Мајами.

Понудите не завршуваат тука. Стигна понуда од 400 милиони евра годишно од Саудиска Арабија, поточно Ал Хилал, а Меси е во вистинска мака.

Актуелниот договор на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната. Откриена е понудата која Барселона ја испрати до Меси.

Се наведува дека причините за враќањето на Меси во Барселона би биле од спортски, сентименталени и финансиски.

Барселона му нуди на Меси договор на две години, бидејќи се сигурни дека тој сосема доволно ќе профитира од тоа.

„Мундо Депортиво“ пишува дека, доколку го доведат Меси, Барселона би ги зголемила приходите за најмалку 25 отсто.

Во последната година кога Меси беше во Барселона, клубот заработи меѓу 250 и 300 милиони евра само поради тоа што тој го носеше дресот на Барса.

Голем број на спонзори го напуштија клубот кога Меси ја прифати понудата од Париз.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари