Утрински Весник
Македонија

Мицкоски-Даниелсон-Солстром: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Мицкоски-Даниелсон-Солстром: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со заменик министерот за европски прашања на Шведска Кристијан Даниелсон и генералниот директор во министерството за надворешни работи Торбјорн Солстром.

dobivaj vesti na viber

Во текот на средбата се говореше за актуелните проблеми со кои што се соочува Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски укажа дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Но, исто така потенцираше дека овој актуелен пратенички состав нема мандат од граѓаните да учествува во таков процес.

ВМРО-ДПМНЕ се залага Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ. Република Македонија треба да биде дел од големото европско семејство, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата.

Исто така на средбата се говореше дека Македонија со оваа влада тоне во корупција и криминал. Македонија со владата на ДУИ поддржана од СДСМ запаѓа во се потешка економска криза и граѓаните осиромашуваат.

Во текот на разговорите се говореше и за нефункционалните мерки на власта кои не раѓаат со плод.

Можете да прочитате

Мицкоски и Крис Павловски на вечера разговараа за иднината на Македонија

Стејт департмент: Закани, насилство и политички притисок врз медиумите во Македонија

Граѓанска победа: Багерите повлечени од Кожуф