Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во пожар во болница во Пекинг, за да се спасат луѓето скокаат преку прозори

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во пожар во болница во Пекинг, за да се спасат луѓето скокаат преку прозори

Дваесет и едно лице загинаа во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, кој предизвика евакуација на десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.

Видеата од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, а некои луѓе бегаат низ прозорците на јаже направено од чаршафи.

Другите во обид да се спасат се качија на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.

Пожарот е изгаснат, а причината е под истрага, според извештаите, на медиумите.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот