Утрински Весник
Свет

Дванаесет луѓе починаа од топлотен удар во Индија, за време на повеќечасовна прослава

Дванаесет луѓе починаа од топлотен удар во Индија, за време на повеќечасовна прослава

Дванаесет луѓе починаа од топлотен удар во Индија, додека многумина беа хоспитализирани откако неколку часа стоеја директно на сонце, на церемонијата на доделување на наградите Нави Мумбаи, во близина на финансискиот центар Мумбаи во индиската држава Махараштра.

dobivaj vesti na viber

Настанот во чест на истакнатиот општественик, кој беше спонзориран од владата, се одржа на отворено поле под силното сонце и на големи горештини, а траеше неколку часа, јавува Би-би-си.

Неколку илјади луѓе присуствуваа на церемонијата, а многу од нив се пожалија на дехидрација и други заболувања поврзани со температура од 38 Целзиусови степени. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека луѓето седеле директно под сонцето, без покрив или какво било засолниште.

Здравствените експерти советуваат да се избегнува сонцето за време на жешкото време од 11 до 16 часот, особено во април, кој се смета за еден од најжешките месеци во Индија.

Надлежните изјавија за медиумите дека на местото на церемонијата се обезбедувало освежување во текот на денот и биле поставени медицински штандови, но опозициските партии посочуваат дека настанот бил лошо организиран и не требало да се одржи во тој период од годината.

Можете да прочитате

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност