Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да немаше ништо криминално, Владата ќе го објавеше договорот за коридорите

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи

Власта на Груби и Ковачевски да го открие договорот за изградбата на коридорите и да го покажат пред јавноста. Не може да има тајни клазули кога се работи за тешки милиони народни пари. Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

-Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиниот интерес.

Имено тие според договорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот за работни односи. Крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана.

Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра. Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. З жал тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби.

Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија