Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Доверливите документи разоткрија таен договор помеѓу Орбан и НАТО

Унгарија ја блокира помошта на ЕУ за Украина, Чешка ја симна од дневен ред
300x250 opst2

Документите на американските разузнавачки служби покажуваат дека Унгарија тајно им дозволува на сојузниците да го користат нејзиниот воздушен простор и покрај ветувањата дека ќе забранат такви трансфери.

dobivaj vesti na viber

Порталот „Политико“ дошол до 50 страници документи во кои, меѓу другото, се анализира улогата на Унгарија во украинската војна. Документите откриваат дека можеби е склучен договор со Унгарија за тајно да им се дозволи на сојузниците да го користат воздушниот простор за пренос на оружје наменето за украинската војска.

„Политико“ тврди дека во документите се споменува план за украинските пилоти да летаат со хеликоптери, кои Хрватска и’ ги донирала на Украина, од Хрватска во Украина преку унгарскиот воздушен простор. Се вели дека планот е во спротивност со медиумските извештаи кои укажуваат дека хеликоптерите ќе бидат префрлени по копнен или воздушен пат преку Полска.

Засега нема официјална потврда дека некој хеликоптер е однесен во Украина, а неофицијалните информации на „Јутарњи лист“ од пред неколку недели говорат дека транспортот на хеликоптери е започнат.

Информациите дека унгарските власти тајно преговараат со НАТО за користење на воздушниот простор за пренос на оружје за украинската армија е тежок удар за унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој секогаш јавно ја отфрлаше секоја можност унгарската територија, вклучително и воздушниот простор, да се користи за транспорт на оружје во Украина.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори