Утрински Весник
Спорт

Севилја со фантастичен камбек на „Олд Трафорд“, Јуве со „минималец“ против Спортинг

Севилја со фантастичен камбек на „Олд Трафорд“, Јуве со „минималец“ против Спортинг

Манчестер јунајтед имаше предност од два гола по дваесет минути игра, но прими два гола во финишот на мечот, за да одигра само 2:2 со Севилја во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа, додека Јувентус стигна до минимална 1:0 предност против Спортинг Лисабон.

dobivaj vesti na viber

На „Олд Трафорд“, прва ѕвезда беше Австриецот Марсел Забицер, кој во отсуство на повредениот Маркус Рашфорд ја презеде улогата на голгетер на тимот. Тој во две брзи акции во кои избегна офсајд постигна два гола во 14. минута и во 21. минута за да донесе рана 2:0 предност, по што „ѓаволите“ не искористија повеќе шанси пред противничкиот гол, за во 85. минута Хезус Навас да успее со помош на Тајрел Маласија да ја смести топката во мрежата на Де Хеа. Во 93. минута, Севилја успеа да направи фантастичен пресврт, откако Јусеф Ел Насири беше највисок во скокот за голем камбек.

Јувентус, пак, се намачи, но направи 1:0 предност против Спортинг Лисабон, иако највпечатливиот и најстрашниот момент на мечот беше во финишот на полувремето, кога голманот Војчех Шчесни побара замена жалејќи се на болки во градите. Тој замина во солзи од стадионот, но првите информации велат дека не се работи за нешто посериозно. Победата ја осигура Федерико Гати во 73. минута.

Белгискиот Униион Сен Жил, пак, ги изненади Баер Леверкузен со голот на Виктор Бонифаче во 51. минута, а Флоријан Вирц во 83. минута да израмни.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Баер Леверкузен – Унион Сен Жил 1:1
Јувентус – Спортинг Лисабон 1:0
Манчестер јунајтед – Севилја 2:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Андерлехт – АЗ Алкмар 2:0
Базел – Ница 2:2
Лех Познањ – Фиорентина 1:4

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина