Утрински Весник
Македонија

Повеќе лица, меѓу нив и малолетници повредени во сообраќајка во Светиниколско

Одрон на патот Скопје-Велес, сообрајакот привремено прекинат

Вчера во 16.25 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Свети Николе.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од с.Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Можете да прочитате

Станот како дом или како капитал?

Утре Македонија под портокалова фаза поради високи температури

Воздушна битка со пожарот кај „Јасен“: ДЗС ги крена сите три „Ер трактори“