Утрински Весник
Магазин

Посетеноста на светските музеи зголемена, но далеку од бројките пред пандемијата

Посетеноста на светските музеи зголемена, но далеку од бројките пред пандемијата
Dik 300x250 mk

Најпосетените музеи во светот минатата година, кога беа повторно отворени за првпат по пандемијата, забележаа двојно зголемување на бројот на посетители во споредба со 2021 година, но само 61 процент од посетеноста пред пандемијата.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажаа резултатите од истражувањето на британскиот весник „Д’ Арт њузпејпер“, како што пренесува Музејскиот документациски центар (МДЦ).

Светските музеи вклучени во истражувањето имале скок од 98 отсто во 2022 година, од 71 на 141 милион посетители, додека пред пандемијата имале 230 милиони посетители.

Најпосетуваниот „Лувр сака да го ограничи бројот на посетители.

Парискиот „Лувр“ сè уште е најпосетуван во светот – имал 7.7 милиони посетители, 20 отсто помалку отколку во 2019 година, но 179 отсто повеќе од пандемијата во 2021 година. Со цел да се намали неподносливата гужва и се почестите бунтови на вработените, „Лувр“ одлучи да го ограничи бројот на посетители на 30.000 дневно оваа година. Ова треба да му обезбеди од 7.5 до 8.5 милиони посетители годишно, на ниво од пред 17 години, што е пониско од рекордот во 2018 година кога бројката изнесуваше 10 милиони.

Музеите во Обединетото Кралство побавно закрепнуваат, при што Британскиот музеј во Лондон има четири милиони посетители, „Тејт модерн“ 3.8 милиони и музејот на Викторија и Алберт падна на 14. место со 2.3 милиони посетители. Најголем губитник беше Националната галерија, која забележа само 2,7 милиони посетители од шест милиони пред пандемијата.

Од азиските музеи, Националниот музеј на Кореја е најпосетен со 3.4 милиони посетители, додека кинеските музеи исто така беа жртви на најрестриктивните епидемиолошки мерки во 2022 година.

Руските музеи, се забележува во истражувањето, се жртви на војната во Украина. Додека Државниот руски музеј во Санкт Петербург, „Ермитаж“ и „Галерија Третјаков“ беа меѓу првите десет во светот во 2021 година, минатата година само „Ермитаж“ остана на десеттото место на најпосетувани.

Њујоршкиот „Метрополитен музеј на уметноста“ го посетија 3.2 милиони луѓе, а другите големи музеи во градот исто така не стигнаа до претходните резултати – „Гугенхајм“ е сè уште 42 отсто послаб отколку во претпандемската година.

Можете да прочитате

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња

Ова е најомразениот знак во хороскопот – и тоа поради неколку особини

Два чаја кои e најдобро да се пијат наутро за детоксикација и полесно слабеење