Утрински Весник
Македонија

Претседателот на Совранието Џафери честиташе Велигден

Претседателот на Совранието Џафери честиташе Велигден

Ми претставува чест од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден на сите што го славите по грегоријанскиот календар, се вели во честитката од собранискиот спикер Талат Џафери.

dobivaj vesti na viber

– Упатувам срдечни желби до сите празникот да го дочекате пред сѐ во добро физичко здравје, душевен мир и семејна благосостојба и напредок. Со оглед дека на празникот му претходи период на пост со кој се прочистуваат телата, тоа е одлична можност и за духовно прочистување на мислите и душата и обновување на вербата и надежта кај сите. Нека пораките на меѓусебно разбирање, взаемна почит, солидарност и човечност бидат најдобрата основа врз која ќе се гради и просперира Република Северна Македонија. Ова се времиња на предизвици и потребно е сите да сме силни и со духот и со телото. Потребно е да сме сплотени за да бидеме силни и цврсти во заедничките одлуки што ги носиме за доброто на сите. Затоа што се тоа одлуки со кои и ќе живееме сите, порачува Џафери.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници,

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!