Утрински Весник
Македонија

ЕВН затекнала хаварија во Грчец, мештани насилно упаднале во системот и направиле огромна штета

ЕВН затекнала хаварија во Грчец, мештани насилно упаднале во системот и направиле огромна штета
Dik 300x250 mk

ЕВН Електродистрибуција затекнала хаварија во електро мрежата во Грчец. Како што велат од компанијата, противзаконските манипулации во мрежата направени од засега непознати лица од селото Грчец, предизвикаа хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија денес останаа и корисниците на дел на територија на Сарај.

dobivaj vesti na viber

– По сериозниот дефект кој настана четвртокот наутро како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија, појаснуваат од ЕВН.

Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратна штета на целиот дистрибутивен систем во регионот, информираат од ЕВН.

Во моментот Електродистрибуција е на терен со придружба од полицијата и се обидува да го врати напојувањето што поскоро на што е можно повеќе корисници.

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво