Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Власта прва го предложи хрватскиот модел и кажа дека е добар, ние прифативме за да им паднат маските пред граѓаните знаејќи дека ќе го одбијат

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој Парламент нема мандат да менува Устав

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што хрватскиот модел за промена на Уставот се отфрли од власта истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го предложи хрватскиот модел бидејќи и самата власт го предлагаше како добар модел, но и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваме во работната група за промена на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Нема да учествуваме во работната група и тоа сме го повториле многу пати во минатото и ги кажавме причините затоа што работата на работната група сега во оваа прва фаза е тотално беспредметна, ете гледате и врвни правни експерти го коментираат тоа, не треба јас да го коментирам, тие го коментираат дека овој прв чекор е практично утврдување на потреба за отворање на Уставот. И доколку има две третини, тогаш веќе се формира уставна комисија па се разгледуваат амандмани, се драфтираат, итн, но сега е тотално беспредметно, сакаат да го политизираат процесот еве јавно уште еднаш го повторувам ставот и повеќе нема да се занимавам со таа тема дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на комисијата која што ја формира министерството за правда а има цел да работи на амандманите кои што се потребни за уставните измени.

Сега да се вратам на првиот дел од вашето прашање, јас не бев тој кој што го зборуваше хрватскиот модел, август месец 2022 година откако го направија проблемот, и прифатија нешто што не може да го испорачаат, Димитар Ковачевски на прес конференција тоа го кажа. Претставници на меѓународната заедница во Македонија го споменаа хрватскиот модел како добар модел, министерот за надворешни работи многу пати го спомнуваше хрватскиот модел како добар модел. Свесни дека може да трпиме политичка штета и критика излеговме во јавноста, храбро и рековме добро, еве свесни сме дека ќе трпиме политичка штета, свесни сме дека ќе не критикуваат поедини платени инсталации на власта, со би рекол казино пари, но еве одлучени сме да застанеме и да кажеме, во ред го прифаќаме хрватскиот модел. Еве како што е хрватскиот модел истиот тој модел да го примениме и за нашиот устав и сега од страна на владата повторно имаме ретерирање, односно чекор назад“, истакна Мицкоски.

Претседателот Христијан Мицкоски направи и кратка антологија на настаните, и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како да ја води Македонија.

„Јас би сакал туку една мала кратка антологија на настаните, април 28 ми 2022 година на прес конференција излегувам и велам тука сме како ВМРО-ДПМНЕ стоиме на располагање сакаме да помогнеме со преговорите со Бугарија, четири тима, вториот тим е со таа цел, бевме одбиени истиот ден, јули 2022 година состанок во клубот на пратеници претставници на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски и Милошоски ги предупредуваме немојте ова да го превземете ова нема да биде прифатено од народот, не можете да го испорачате. Направија проблем, потоа разговараме и нудиме решение за овој проблем како треба да се реши и што треба да се направи тие излегуваат со план за условно кажано поголема зајакната владина коалиција а гледаме дека од тоа нема ништо, потоа им велиме во ред проблемот е на маса реалност е, имаме план да одиме на избори да го претставиме сите планот пред граѓаните, па граѓаните нека одлучат кому ќе му ја дадат поддршката. Повторно бегаат како ѓавол од темјан. Петтиот чекор велат хрватскиот е добар модел, ние велиме во ред го прифаќаме, бегаат повторно чекор назад, ова не е детска градинка. Ова не е список на желби на неспособни криминални политичари. Или сте сериозни имате план и визија како да ја водите Македонија ако не еве уште малку останете таму тоа што имате што да крадете, само да знаете дека за тоа ќе одговарате наскоро од денес и бришете од таму да не ве гледа ниту народот, ниту било кој, затоа што не сте способни не знаете како и само дополнително ја комплицирате состојбата во која што се наоѓа народот и се наоѓа државата нека дојдат луѓе, ВМРО-ДПМНЕ кои што знаат како и кои што знаат како понатаму да ја развиваат Македонија“, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Официјално отворен конзулатот на Мексико во Македонија

Детална метео анализа за утре (недела), како и за следната седмица!

Царинa заплени 36 килограми марихуана и голема количина лекови