Утрински Весник
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 09.04.2023 (недела), со почеток во 10.00 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како “Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Трката ќе се одвива по следната траса – од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.“Илинден“ до целта кај фонтана Лотус.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Полициски службеник од Скопје уапсен за изнуда од 20.000 евра

Костадиновски: Итно е потребен нов судија

Бадникова манифестација и оваа година ќе се одржи на 6 јануари