Утрински Весник
Свет

Иран поставува камери на улиците: Се „ловат“ и казнуваат жени кои не носат хиџаб

Иран поставува камери на улиците: Се „ловат“ и казнуваат жени кои не носат хиџаб

Во нов обид за сузбивање на зголемениот број жени кои не го почитуваат задолжителниот кодекс на облекување, иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не носат хиџаб, соопшти денеска полицијата.

dobivaj vesti na viber

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, соопшти полицијата. Целта на оваа мерка е да се „спречи отпорот против законот за хиџаб“, се вели во соопштението за печатот, како што објави новинската агенција Мизан и другите државни медиуми, додавајќи дека таквиот отпор ја оцрнува духовноста на земјата и шири несигурност.

Сè повеќе Иранки престануваат да носат хиџаб по смртта на 22-годишна Курдка која умре во притвор на моралната полиција минатиот септември. Махса Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

Безбедносните сили насилно го задушија бунтот, но сè уште има жени без хиџаб во трговските центри, рестораните, продавниците и на улиците низ Иран, кои ризикуваат да бидат уапсени. На социјалните мрежи кружат видеа од жени кои даваат отпор на иранската морална полиција.

Во соопштението, полицијата ги повика сопствениците на бизниси „строго да го следат почитувањето на општествените норми преку нивните упорни инспекции“. Според исламскиот шеријатски закон, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените во Иран мора да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ги покријат своите фигури. Во спротивно, им се заканува јавна опомена, парична казна или апсење.

Опишувајќи го хиџабот како „еден од цивилизациските основи на иранската нација“ и „еден од практичните принципи на Исламската република“, во соопштението на Министерството за внатрешни работи од 30 март се посочува дека нема да има отстапки по ова прашање.

Министерството ги повика граѓаните да се спротивстават на жените кои не носат хиџаб. Ваквите упатства порано ги охрабруваа тврдокорните да ги напаѓаат жените. Минатата недела беше објавено видео од маж како фрла јогурт врз две жени без хиџаб во самопослуга.

Можете да прочитате

Поранешен амбасадор во САД: Нетанјаху го зајакнуваше Хамас преку Катар

Киев: Документирани докази дека Русија ликвидирала 93 украински војници кои се предале

Зеленски ќе го претстави „планот за победа“ на лидерската средба во Рамштајн на 12 октомври